Правила

Важно соопштение,

Почитувани корисници на веб страницата BesplatniOglasi.mk , ве известуваме дека се укинува рубриката "Лични Контакти" поради секојдневни прекршувања на правилникот и злоупотреба на просторот за бесплатно огласување од несовесни корисници, согласно претходната одлука не е дозволено објавување на огласи поврзани со тематика на лични контакти, еротски масажи и сличен тип на услуги што се нудат, како и барања за еротски или сексуални услуги, или производи поврзани со таа тематика.

 

Почитувани корисници,

BesplatniOglasi.mk е некомерцијален интернет портал овозможен од добронамерни граѓани по принципот "од народ за народ" со оштествена благородна мисија да помогне и да им овозможи на граѓаните како и на малиот бизнис во Република Македонија да имаат бесплатен пристап на интернет портал каде ќе можат бесплатно да објавуваат огласи и да ги промовираат своите бизниси. Бидејќи огласувањето е бесплатно единствено нешто што бараме од корисниците е да се придржуваат до правилата за користење и затоа ги молиме сите корисници при објавувањето огласи на интернет порталот BesplatniOglasi.mk да ги почитуваат следниве правила и услови:

ВАЖНИ ОДРЕДБИ

BesplatniOglasi.mk не врши дејност на огласување и рекламирање, т.е не прима нарачки за огласување и рекламирање од физички и правни лица.

BesplatniOglasi.mk не наплатува за објавените огласи.

Корисниците сами и на своја одговорност си поставуваат огласи на интернет порталот BesplatniOglasi.mk, следствено на тоа BesplatniOglasi.mk се оградува од сите огласи кои се во спротивност со законите во Република Македонија и не превзема никаква одговорност за истите ниту пак може да се смета за соучесник при објавување на тие огласи.

BesplatniOglasi.mk се труди во рамките на своите можности да ги отстрани огласите кои се во спротивност со овој правилник, а во случај на пропуст одговорноста за објавениот оглас ја сноси корисникот што го поставил тој оглас.

Огласување на физички лица

Секое физичко лице може да објави оглас во BesplatniOglasi.mk. Огласот се објавува како оглас од физичко лице само доколку тоа физичко лице ја превзема одговорноста и има право да склучува договори за купување и продавање на предмети според правилата на Организацијата за заштита на потрошувачи и позитивните законски прописи во Р.Македонија.

Напомена: BesplatniOglasi.mk не врши дејност на огласување и рекламирање, т.е. не прима нарачки за огласи и реклами , физичките лица што ќе објават оглас самостојно во BesplatniOglasi.mk се должни да ги почитуваат правилата на Организацијата за заштита на потрошувачи и позитивните законски прописи во Р.Македонија и да сносат одговорност ако огласуваат спротивно на законските одредби. BesplatniOglasi.mk се оградува од сите огласи кои се во спротивност со законите во Република Македонија и не превзема никаква одговорност за истите ниту може да се смета за соучесник при објавување на тие огласи.

Огласување на правни лица

Секој правен субјект што е регистриран даночен обврзник во Р.Македонија и надвор од неа, може да објави оглас во BesplatniOglasi.mk ако е регистриран за соодветната дејност за која се однесува огласот.

Согласно законот за забрана за спречување на вршење на нерегистрирана дејност, член 8: При нарачувањето на оглас, нарачателот е должен да наведе податоци за идентификација: Тековна состојба од Централен Регистар за регистрација на соодветната дејност или документ за регистрирана дејност, односно доказ за упис во соодветен регистар на дејност за физички лица. (2) Се забранува објавувањето на оглас доколку нарачателот на огласот не достави податоци за идентификација согласно со ставот (1) на овој член.

Одредбите на овој член не се однесуваат на продажба на лични користени предмети од страна на физички лица преку огласување.

Напомена: BesplatniOglasi.mk не врши дејност на огласување и рекламирање, т.е. не прима нарачки за огласи и реклами , правните лица што ќе објават оглас самостојно во BesplatniOglasi.mk се должни да ги почитуваат овие одредби од законот како и сите други закони на Р.Македонија, и да сносат одговорност ако огласуваат спротивно на законските одредби. BesplatniOglasi.mk се оградува од сите огласи кои се во спротивност со законите во Република Македонија и не превзема никаква одговорност за истите ниту може да се смета за соучесник при објавување на тие огласи.

Огласување услуги

Објавените услуги мораат да бидат во согласност со позитивните законски прописи и регулативите во соодветната дејност во Република Македонија.

Напомена: BesplatniOglasi.mk не врши дејност на огласување и рекламирање, т.е. не прима нарачки за огласи и реклами , физички или правни лица што самостојно ќе објават оглас за услуги во BesplatniOglasi.mk се должни да ги почитуваат законите на Р.Македонија и да сносат одговорност ако огласуваат спротивно на законските одредби. BesplatniOglasi.mk се оградува од сите огласи кои се во спротивност со законите во Република Македонија и не превзема никаква одговорност за истите ниту може да се смета за соучесник при објавување на тие огласи.

Недопуштени содржини, предмети и услуги

-Не е дозволено објавување оглас коj содржи макар и еден непристоен збор, оглас коj навредува некого или предизвикува омраза од каков било вид, како и оглас со злоупотреба на туѓ телефонски броj или туѓа email адреса.

-Не е дозволено повеќекратно објавување на исти или слични по содржина огласи, вклучително и во различни градови и рубрики. Ве молиме да не ја злоуотребувате можноста за бесплатно објавување огласи.

-Не е дозволено објавување на огласи во кои се нудат кредити, заеми и финансиска поддршка без целосни податоци и адреса на кредитната институција на територијата на Република Македонија.

-Не е дозволено да се објавуваат порнографски слики, слики со непристојни содржини, како и слики на малолетници.

-Не е дозволено да се објавуваат огласи со понуди за подведување и проституција.

-Не е дозволено објавување на огласи што рекламираат комерцијални телефонски "еротски" услуги или упатуваат на комерцијални страници со порнографски и еротски содржини.

-Не е дозволено да се огласува продажба на оружје и муниција без поседување на дозвола за истото. Според Законот за оружје во Р.Макеоднија, потребна е дозвола за поседување на оружје. Легитимниот сопственик на оружјето мора да наведи во текстот на огласот дека е потребна дозвола за поседување на оружјето. (Закон за оружје, Сл.весник бр.7/05, Чл.5)

-Не е дозволено да се огласуваат производи или услуги кои според законите и прописите во Р.Македонија се дефинираат како нелегални, како на пример наркотици, човечки органи, радиоактивни супстанци, отрови, пиротехнички производи, експлозиви, хемикалии штетни по здравјето и други нелегални производи и услуги.

-Не е дозволено да се огласуваат украдени предмети, копии на брендови, CD/ DVD, софтвери за компјутери, компјутерски и видео игри, филмови, и др производи кои имаат заштитени авторски права и права на интелектуална сопстеност. Огласувачот мора да докаже дека се работи за оргинален производ.

- Не е дозволено да се огласува продажба на лекови кои се издаваат на рецепт, нерегистрирани лекови во Р.Македонија со сомнително потекло, фалсификувани лекови или лекови за кои постои основано сомнение дека се фалсификувани, и било кои други видови на лекови од неовластени лица и фирми за таа дејност.

- Не е дозволено да се огласуваат и сите други содржини, предмети и услуги кои не се наведени во правилникот, а се нелегални и се во спротивност со законите на Репубика Македонија.

Отстранување на содржини

BesplatniOglasi.mk го задржува правото да ги промени, помести, преработи или избрише огласите и записите објавени на BesplatniOglasi.mk. BesplatniOglasi.mk експлицитно го задржува правото, во секое време да менува, надополнува или брише делови на веб страната или целата објава без претходна најава, или објавувањето времено или трајно да го запре.

Одговорност

-Интернет огласникот BesplatniOglasi.mk е интернет платформа, која спојува разни интереси на разни луѓе, на едно место. Интернет огласникот BesplatniOglasi.mk не превзема никаква одговорност во случај ако се појави објавување на оглас/и во спротивност според било кој основ. Напротив, одговорност ќе сноси секој оној кој ќе објави невистинит оглас, оглас со слики или видео снимка што содржат своевидна заштита, како и оглас кој претставува некаква злоупотреба и е во спротивност со важечките закони на Република Македонија.

Напомена: BesplatniOglasi.mk не врши дејност на огласување и рекламирање, т.е. не прима нарачки за огласи и реклами , физички или правни лица што самостојно ќе објават оглас во BesplatniOglasi.mk се должни да ги почитуваат законите на Република Македонија и да сносат одговорност ако огласуваат спротивно на законските одредби. BesplatniOglasi.mk се оградува од сите огласи кои се во спротивност со законите во Република Македонија и не превзема никаква одговорност за истите ниту може да се смета за соучесник при објавување на тие огласи.

-Oд безбедносни причини вашата IP адреса ќе се евидентира во нашиот систем. Во случај на измама или злоупотреба, по аргументирано барање на засегнатата страна, истата IP адреса ќе биде доставена до надлежните органи.

Престанок на користење  (суспензија)

-Кршењето на правилата под наведените точки ќе доведе до неотповикливо бришење на пристапната зона на прекршителот, без право на жалба, дури и кога неговиот оглас поради злоупотреба воопшто нема да биде објавен. Во случај да се забележи дека некој од корисниците го прави истиот прекршок ќе му биде блокиран пристапот на овој Интернет огласник (BAN на IP адресата). Ако, пак, постои прекршок поради кој засегнатата страна аргументирано ќе побара да се открие идентитетот на прекршителот, податоците за идентитетот ќе бидат доставени до надлежните органи.

Прифаќање на правилата и условите за користење

Со самото користење на веб страницата BesplatniOglasi.mk се подразбира дека корисникот ја прифаќа и е согласен со правилата и условите за користење на интернет огласникот.

Промени на правилата и условите

BesplatniOglasi.mk го задржува правото да изврши било какви измени на правилата и условите за користење во било кое време. Таквите измени стапуваат на сила веднаш со самото објавување на веб страницата.

 

BesplatniOglasi.mk