Приватност

Политика за приватност

 

Заштита на лични податоци

BesplatniOglasi.mk се стреми да ги заштити личните податоци и да спречи злоупотреба или измена на информациите кои ги добива од своите корисници.

Во случај на информирање или огласување на нелегални производи или активности, BesplatniOglasi.mk ќе ги достави сите потребни информации, побарани од овластено службено лице или друг надлежен орган, за идентификација на огласувачот.

Електронска пошта

Електронската пошта е најчесто употребуваната алатка за комуникација меѓу корисниците на BesplatniOglasi.mk. Валидна Е-маил адреса е задолжителна при регистрација. Вашата е-маил адреса ќе биде користена при регистрација на вашиот профил, за комуникации поврзани со вашиот оглас и за комуникации поврзани со други активности на BesplatniOglasi.mk

Регистрација со Facebook, Google и Twitter

BesplatniOglasi.mk ви овозможува лесна и едноставна регистрација со помош на вашиот Facebook, Google и Twitter профил. Ако ја изберете оваа опција за регистрација, потребните информаците ќе бидат автоматски превземени од вашиот Facebook, Google и Twitter профил. По потреба вашите податоци можете во секое време да ги измените или ажурирате, на вашиот профил на BesplatniOglasi.mk

Во согласност со политиката на приватност на Facebook, објавувањето на вашиот оглас на вашата Facebook страница е дадена како опција , тоа значи дека корисникот при објавување на оглас на BesplatniOglasi.mk треба сам да ја избере опцијата истиот оглас да се објави и на нивната Facebook страница.

Cookies

BesplatniOglasi.mk користи технологија на следење (Cookies - мали текст фајлови зачувани во Вашиот компјутер) која ги брои уникатните посети и ни овозможува да добиеме статистички податоци за нашите посетители. Технологијата на следење е анонимна и не содржи лични податоци. Доколку сакате, можете да ја исклучите технологијата на следење на вашиот пребарувач. Тоа се прави преку опцијата за прилагодувања на пребарувачот, во делот за безбедност. Секако, тоа ќе значи и дека нема да може да користите некои од функциите на BesplatniOglasi.mk од моментот на исклучување на технологијата на следење.

Прифаќање на политиката за приватност

Со самото користење на веб страницата BesplatniOglasi.mk се подразбира дека корисникот ја прифаќа и е согласен со политиката за приватност.

Промени во политиката за приватност

BesplatniOglasi.mk го задржува правото да изврши било какви измени на политиката за приватност и/или условите за користење во кое било време. Таквото изменување стапува во сила со самото објавување на веб страницата.